Connect with us

Фудбал

Агуеро дебитираше за Барселона и остана без текст: „Не очекував дека …“

Барселона синоќа на домашен терен ја победи Валенсија со 3-1 во деветтото коло од Примера.

Каталонскиот клуб очигледно уживаше во репрезентативната пауза и тие успеаја да прекинат серија лоши резултати и конечно да дојдат до победата.

Барселона по пресвртот ја совлада Валенсија со 3:1, а повторно блескаше младиот Ансу Фати, кој успеа да постигне еден гол и да освои пенал за пресвртот на својот тим.

Фати покажа дека во наредните години ќе биде еден од најважните играчи на Барселона, а неговото опоравување многу ги израдува Роналд Куман и навивачите на Барса.

Сепак, треба да се напомене дека конечно за Барселона дебитираше Серхио Агуеро, кој се опорави од повредата и синоќа одигра десетина минути.

Агуеро пристигна од Манчестер Сити како слободен играч летово, а навивачите го поздравија со овации. Аргентинецот по натпреварот призна дека е воодушевен од начинот на кој го поздравија навивачите на Барселона.

“Беше неверојатно кога навивачите почнаа да го скандираат моето име, останав без зборови пред да влезам на теренот бидејќи не очекував таков пречек. Допрва треба да се појавам на теренот. Се надевам дека уживавте во она што го видовте од мене вечерва“, рече Агуеро и погледна назад кон играта на Фати.

“Ансу Фати е многу млад играч кој допрва треба да се докажува во многу работи. Сепак, тој е веќе одличен и ние сме пресреќни што го имаме во тимот”.

Барселона во среда ќе одигра нов натпревар во третото коло од Лигата на шампионите, кога на домашен терен ќе го пречека Динамо Киев. Каталонците в недела повторно ќе играат на „Камп Ноу“ против најголемиот ривал Реал Мадрид.