Connect with us

Фудбал

Агуеро ја донесе најтешката одлука во животот

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро (33) го напушта фудбалот.

Агуеро неодамна поради проблеми со дишењето го напушти дуелот помеѓу Барселона и Алавес, а подоцна се испостави дека има проблеми со срцето. Поради тоа реши сега да ја заврши кариерата, бидејќи здравјето е најважно.

Оваа информација ја носи аргентинскиот новинар Жерар Ромеро и истакнува дека следната недела ќе се одржи прес-конференција на која Агуеро на спортската јавност ќе и ги соопшти најтешките можни вести.

Искусниот напаѓач летово ја засили Барселона кога дојде како слободен играч од Манчестер Сити, а токму во англискиот клуб Агуеро играше најдолго и остави најголема трага.

Пред Сити, тој играше пет години во Атлетико Мадрид, а кариерата ја започна во аргентинскиот Индепендиенте.

Реклама

Facebook

Реклама