Connect with us

Фудбал

Агуеро одличен, Сити го „прегази“ Хедерсфилд

Англискиот шампион Манчестер Сити одлично ја започна новата сезона, а денес дојде и до втората победа. На „Етихад“ го „прегази“ Хедерсфилд со убедливи 6:1.

Аргентинецот Серхио Агуеро беше одличен и постигна три гола во овој натпревар.

Гостите добро се бранеа до 25. минута кога Сити успеа да го скрши нивниот отпор. Фантастичната долга топка на голманот Едерсон, Агуеро ја смести во голот за водство на Сити од 1:о.

Потоа се беше полесно и до крајот на првото полувреме беа постигнати уште четири гола. Габриел Хесус во 31. минута погоди за 2:0, а после четити минути Агуеро погоди за 3:0.

Гостите преку Џон Станковиќ во 43. минута успеаа да намалат на 3:1, но тоа беше се од гостите затоа што во второто полувреме беа потполно прегазени.

Давид Силва во 48. минута погоди за 4:1, потоа во 75. минута Агуеро повторно беше прецизен и зголеми на 5:1, а конечните 6:1 ги постави Конголо кој во 84. минута постигна автогол.