Connect with us

Фудбал

Агуеро подолго време надвор од фудбалските терени

Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро подолго време ќе отсуствува од фудбалските терени, соопшти докторот на репрезентацијата Донато Вилани.

– Агуеро ќе паузира околу шест месеци. Тој тешко се движи и му треба помош да влезе во автомобил, да се движи низ куќата. Во лошо расположение затоа што сака, а не може да и помогне на Аргентина во клучните квалификациски натпревари за Светското првенство, рече Вилани.

Напаѓачот на Манчестер Сити минатата недела доживеа сообраќајна несреќа враќајќи се од концерт во Амстердам кога таксито со кое се превезуваше удри во бетонски столб. Во сообраќајнта несреќа, Агуеро доби фрактура на две ребра, и многу е веројатно дека тој би бил посериозно повреден ако не бил врзан со појасот.