Connect with us

Фудбал

Агуеро речиси се уште не замина, а Манчестер Сити веќе сериозно го понижи (ФОТО)

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро пред неколку недели официјално потпиша за Барселона.

Агуеро го напушти Манчестер Сити по десет години, бидејќи не постигна договор за продолжување на договорот. Барселона го искористи тоа, ангажирајќи го Аргентинецот без обештетување.

Искусниот напаѓач пред неколку недели потпиша двегодишен договор со Барселона и се очекува следната сезона да биде големо засилување за каталонскиот клуб.

Агуеро помина десет одлични сезони во дресот на Манчестер Сити каде остави голема трага, и стана најдобар стрелец во историјата на клубот од „Етихад“.

Сепак, сигурно е дека навивачите на Сити најмногу ќе го паметат натпреварот против КПР кога Агуеро постигна гол за 3:2 во последните секунди и ја донесе првата англиска титула во овој клуб.

Набргу потоа, во Манчестер беше откриен мурал во чест на Агуеро и голот за титулата на Граѓаните.

Овој мурал го красеше Манчестер со години и се чинеше дека ќе биде на овој ѕид уште долго време, но тоа нема да се случи.

Имено, само неколку недели откако Агуеро го напушти Сити и потпиша за Барселона, беше одлучено да се отстрани неговиот мурал. Вчера започна отстранувањето на истиот, што ги разочара навивачите на Сити.

Фановите се лути што клубот дозволи да се отстрани овој мурал бидејќи ова е еден од најголемите моменти во историјата на Манчестер Сити.