Фудбал
Ах тој Киелини: Пред пеналот го „проколна“ скоро двапати помлад Сака, погледнете што му направи! (ВИДЕО)
Во август 2019 година, Џорџо Киелини ги скина вкрстените лигаменти, а денес е меѓу најдобрите стопери на светот, иако има 36 години.
Киелини го одигра највисокото европско првенство. Се повреди во групната фаза, многу Италијанци стравуваа дека ќе биде подготвен за клучните натпревари, но успеа да се врати.
Одличниот стопер беше навистина фантастичен на натпреварите против Белгија, Шпанија и Англија. Тој успеа да воодушеви со некои свои потези во фазата на одбрана.
На крајот, тој стана само вториот капитен на Италија што го крена Анри Делонеј откако „азурите“ ја победија Англија во финалето со подобро изведување на пенали.
Клучниот пенал за Англија го промаши 19-годишниот Букајо Сака, поточно неговиот удар го одбрани најдобриот играч на турнирот, Џанлуиџи Донарума.
Инаку, пред пеналот, Киелини го „проколна“ Сака со изговарање на славниот збор „Кирикочо“, кој служи како магија во Шпанија, бидејќи голманот на Севилја, Боно, на сличен начин го проколна и Ерлинг Халанд и го промаши пеналот.
El mítico “Kiricocho” presente en la final entre Italia e Inglaterra por la Eurocopa??? pic.twitter.com/R90EfMJu0w
— Estudiantes Prioridad (@edlprioridad) July 12, 2021
Ова „проклетство“ потекнува од Аргентина пред околу 40 години и нема конкретно значење. Тоа е прекар на навивач на Естудијантес кој му донесе несреќа на тимот од Ла Плата кога беше присутен на тренинзите.
Потоа, тогашниот селектор на Аргентина Карлос Салвадор Билардо започна да го користи тој збор против противникот. Тој го продолжи истото во Севилја и го пренесе овој обичај на други играчи. Очигледно е дека терминот „Кирикочо“ станува глобален тренд.
Патем, освојувањето на Европското првенство за Киелини е најголемиот успех во неговата кариера и награда за сè што направил. Ден после финалето зборуваше за деталите пред натпреварот. Откри и дека сите плачеле како мали деца. За сè е „виновен“ и искусниот, Салваторе Сиригу.
„Пролевавме неколку солзи, ние постарите, но и помлади. Заслуживме се. Во овие години, ова ви значи уште повеќе … На крајот на мај, рековме дека нешто е магично и се повеќе и повеќе беше така.“
„Денес, пред натпреварот, Сиригу ни направи видео од сите наши родители и сакани. Плачевме …“
Киелини, заедно со Леонардо Бонучи, го одбележаа овој турнир со фантастични изданија од последната линија. Тие го оправдаа статусот на можеби најдобриот стоперски пар на денешницата.
„Секој во тимот има своја улога и талент. Леонардо Бонучи и јас сме многу различни и се обидуваме да ги искористиме нашите квалитети. Се сакаме, ја користиме својата сила. Така беше и за сите играчи како целина. Тајната е само да ја искористиме силата на секој од нас“, откри легендарниот стопер.
Киелини во моментов е без клуб, но се очекува многу скоро да потпише нов договор со Јувентус, чиј член е од 2005 година.