Connect with us

Фудбал

Ах, тој пусти Балкан, ни во фудбалот не може без проблеми-Србија ги пријави Албанија и Хрватска, Косово Србија, а Македонија Албанија

Европското првенство во Германија започна пред седум дена, а УЕФА имаше полни раце работа со оглед на бројот на тужби што ги покренаа челниците на фудбалските сојузи од Балканот. Имено, додека низ светот се вртат прекрасни сцени како оние на здружување хрватски и албански навивачи или „пријателската“ пресметка меѓу српските и словенечките навивачи по улиците на германските градови, многу повеќе внимание привлекуваат негативните работи поврзани со нив.

Се започна на вториот ден од Еврото кога Фудбалскиот сојуз на Србија ги тужеше Албанците поради однесувањето на нивните навивачи на натпреварот против Италија. УЕФА ја казни Албанија со 37.375 евра за палење пиротехнички средства, фрлање предмети на теренот  и прикажување провокативни пораки кои не се соодветни за спортски настан. Во конкретниот случај, провокативната порака беше карта на „Голема Албанија“. После тоа, на натпреварот меѓу Србија и Англија, на трибините се појави транспарент со знамето на територијата на Косово и слоганот „Не се предаваме“. Фудбалскиот сојуз на Косово веднаш поднесе жалба до УЕФА која го казни Фудбалскиот сојуз на Србија со 14.500 евра.

После тоа, се одигра натпревар помеѓу Хрватска и Албанија, а добија пријавија Србија, како и од Македонија, до УЕФА. Имено, Фудбалскиот сојуз на Србија ги пријави Хрватите и Албанците бидејќи навивачите на двете селекции скандираа „Убиј го Србинот“ во текот на натпреварот, додека Македонија бара казна за Албанците бидејќи нивниот претставник Мирлинд Даку застана пред навивачите по натпреварот и во мегафонот извика: „Е*и ги Македонците!“.

И додека УЕФА се уште ги истражува тие три извештаи поради случувањата на средбата Албанија – Хрватска, вчера доби уште една од Косово. Косоварите повторно ја тужеа Србија, овојпат поради, како што е наведено, „повторувањето на однесувањето со националистичка и расистичка реторика на српските навивачи на натпреварот од групата Ц меѓу Словенија и Србија, што се одржа во четвртокот во Минхен“.