Connect with us

Фудбал

Ако Челзи не успее со Халанд, тогаш втората мета ќе биде напаѓачот на Интер

Томас Тухел ќе се ослободи од девет играчи со цел да собере пари за нови засилувања. Од овие продажби Челзи планира да инкасира околу 200 милиони евра. Примарната цел е напаѓач, а главната мета е Ерлинг Халанд. Но, сепак со оглед на тоа дека за Норвежанецот се заинтересирани Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Сити и ПСЖ, битката ќе биде многу тешка.

Поради тоа Челзи има план Б. Наводно, доколку не успеат со Халанд, со сите сили ќе тргнат по напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку. Белгиецот игра како препороден во дресот на „Нероаѕурите“ по доаѓањето од Манчестер Јунајтед и е еден од најзаслужните што Интер е на првото место и чекори кон шампионската титула.

Наводно, за услугите на Лукаку Челзи е подготвен да плати 100 милиони евра, а останува да се види како Интер ќе реагира на ова.