Connect with us

Фудбал

Ако Лукаку не се врати во форма, доаѓа Фирмино од Ливерпул!?

Ромелу Лукаку никако да ја врати старата форма, кога заедно со Лаутаро Мартинез пред две сезони му донесоа титула на Интер. По поминати неколку месеци во Челзи, Лукаку на негово барање се врати во Интер, но никако да се пронајде.

Со оглед на неговата слаба форма, ќе му се даде шанса во вториот дел од сезоната, а ако не успее да се покаже, тогаш ќе биде вратен на Челзи, бидејќи договорот за позајмица е на 1+1 со можност за откуп, но не и задолжителен.

Спортскиот директор на Интер, Марота, како што пишува Газета дело Спорт, веќе работи на случајот. Наводно прв пик е Роберто Фирмино од Ливерпул, чиј договор со клубот му истекува ова лето. Па, Интер веќе е во преговори со него за доаѓање во Милано. Тој би дошол како слободен играч, а дури и би прифатил намалување на платата во однос на онаа што ја има во Ливерпул. Како ќе се одвиваат работите, останува да се види.

Фирмино во моментов е повреден, а последен пат играше во декември  на пријателска средба против Милан.