Connect with us

Фудбал

Ако максималната оценка е 10-ка, колку треба да добие фудбалерот на Ајакс во победата од 13:0?!

Ајакс викендов славеше против Венло со неверојатни 13:0 и тоа на гостински терен. Тоа е рекордна победа на овој тим во холандската лига и сигурно една од најголемите во историјата на фудбалот во оваа земја. На никого не му е јасно како гостите од Амстердам, без разлика на целиот квалитет кој го поседуваат успеале да слават со ваков резултат.

Посебно се истакна Ласана Траоре кој постигна дури пет голови и запиша три асистенции во победата на Ајакс.

Whoscored.com, страница специјализирана за оценки на фудбалерите објави дека врз основа на учинокот на овој меч, Траоре би требало да добие оценка 15,8. Сепак, јасно е дека максималната е 10, па на крајот мора да се задоволи само со „десетка“.