Фудбал
Ако не соберат 200.000.000 евра, ќе ги исфрлат од Европа: Протекоа бројки, Американецот направи ХАОС во Челзи!
Челзи за само една сезона потроши 610.000.000 евра на трансфери и го шокираше фудбалскиот свет, но засега нема да биде казнет. Сепак, следната сезона би можеле да бидат брутално санкционирани поради кршење на финансискиот фер-плеј! Избраниците на Греам Потер се во очајна форма и паднаа на долниот дел на табелата, но доколку се квалификуваат за европските натпреварувања речиси сигурно ќе бидат суспендирани!
На Челзи му се заканува исфрлање од Европа на една или повеќе сезони поради прекршување на финансиските правила на УЕФА, а единствен начин да се избегне тоа е да продаде играчи за повеќе од 200.000.000 евра во следниот преоден рок. Поточно, им требаат 200 милиони повеќе отколку што ќе потрошат, за да ги доведат финансиските книшки „на нула“.