Connect with us

Фудбал

Ако Њукасл го отпушти, Бенитез нема да биде без работа

Шпанскиот стручњак Рафаел Бенитез оваа сезона бележи катастрофални резултати со Њукасл, па за брзо време би можел да добие отказ.

Њукасл по десет одиграни кола ја зазема претпоследната позиција, 19. место на табелата со три бодови и без победа, па реално е да се очекува дека Шпанецот нема уште долго да седи на клупата на овој тим.

Како што пишуваат шпанските медиуми, Бенитез веќе има една понуда за продолжување на кариерата и тоа од Кина.

Шангаи СИПГ е подготвен да му понуди договор на Бенитез по кој би заработувал дури 11 милиони евра годишно, а тоа е многу повеќе од тоа што сега го има во Њукаслч

Рафа Бенитез не е во најдобри односи со сопственикот на Њукасл Мајк Ешли, па останува да се види до кога ќе трае нивната соработка.