Connect with us

Фудбал

Активирана е приказната за враќањето на Рибери во Баерн, но Салихамиџиќ и Кан имаат различни ставови

Легендарниот француски фудбалер Франк Рибери ова лето би можел дури и да се врати во Баерн.

По двегодишниот престој во Фиренца, каде играше за Фиорентина, се појави можноста за враќање на Рибери во Минхен.

Рибери призна дека е среќен во Фиорентина, но во случај на понуда на Баерн, тој не би останал имун. Сепак, не секој на Алијанц арената е сигурен дека тоа е добра идеја.

Хасан Салихамиџиќ е еден од оние кои сметаат дека на ветеранот Рибери сега не му е потребен Баерн, додека Оливер Кан сепак инсистира дека треба да се врати.

Рибери во средата го носеше дресот на Баерн играјќи за легендите на клубот. Кралот на дриблингот изгледаше во топ форма и добро расположение. Тој исто така имаше интервјуа со тренерот Јулијан Нагелсман, што доведе до гласини за негово враќање.

Тој ќе дојде како привремено решение бидејќи крилото на Баерн има проблеми со повреди.

Фитнес тренерот Матијас Бланкенбург имаше можност да работи со Рибери и тој верува дека Французинот тешко дека би играл на високо ниво 90 минути, но дека удобно би можел да игра 60 минути.

Инаку, Рибери моментално е слободен играч бидејќи му истече договорот со Фиорентина, а многу фанови на Баерн би сакале повторно да го видат во црвениот дрес.