Фудбал
Активирана клаузулата во договор на Алдервилде
Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем ќе ја искористи можноста да ја активира еднострано клаузулата во договорот на Тоби Алдервилде, потврди менаџерот на „петлите“, Маурисио Покетино. На тој начин договорот на Белгиецот ќе биде продолжен за дополнителни 12 месеци – до летото 2020 година.

Во клаузулата има дополнителен услов, според кој секој клуб може да го купи Алдервилде во летото 2019 година, откако ќе плати за него 25 милиони фунти. Таквото сценарио ќе стане реалност само доколку официјалната понуда пристигне најкасно до две недели пред да заврши летниот преоден рок.