Connect with us

Фудбал

Активни на Олд Трафорд: Договорот падна, се чека официјален потпис

Навивачите на Манчестер Јунајтед можат да здивнат и да започнат со лесна прослава.

Манчестер Јунајтед и Бруно Фернандеш се договорија за продолжување на соработката до 2027 година, а клубот од Олд Трафорд денеска треба да официјализира нов потпис.

Фернандеш имаше актуелен договор со Јунајтед до 2025 година, а по многу преговори беше постигнат договор да биде член на Јунајтед до 2027 година.

Со овој потпис Фернандеш дефинитивно би ставил крај на шпекулациите каде ќе ја продолжи кариерата, а да потсетиме дека во јануари одекна веста дека Барселона се интересира за него.

Португалскиот репрезентативец оваа сезона одигра 37 натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања, постигна девет гола и забележа 14 асистенции.

Медиумите на Островот исто така известуваат дека со новиот договор Фернандеш ќе заработува околу 15 милиони евра годишно.