Connect with us

Фудбал

Ал Сад ги одолговлекува преговорите, но синоќешниот потег на Чави кажува се

Челниците на Барселона ги продолжија преговорите со Ал Сад за Чави Ернандез, но тие не се одвиваат толку брзо како што очекуваа.

Каталонскиот клуб минатата недела го отпушти Роналдо Куман по серијата лоши резултати, а Жоан Лапорта очекуваше за неколку дена да го реши прашањето за нов тренер.

Прв кандидат за нов тренер на каталонскиот клуб е Чави Ернандез, кој моментално е во стручниот штаб на Ал Сад.

Сепак, Лапорта очекуваше за неколку дена да го реши доаѓањето на Чави, кој има голема желба да биде тренер на Барса и веруваа дека челниците на катарскиот клуб нема да направат голем проблем.

Соработниците на Лапорта вчера отпатуваа за Катар, каде што разговараа со лидерите на Ал Сад, но не се одвиваат според планираното. На челниците на катарскиот клуб им е жал што Лапорта не дошол на преговори во Доха, поради што почнале да ја кочат целата работа.

Чави синоќа по натпреварот против Ал-Духаил призна дека е подготвен да се врати дома и дека веќе договорил се со Барселона.

Дека Чави веќе размислува во каталонскиот клуб најдобро говори фактот што по синоќешниот натпревар се прости од играчот на Ал Сад и им призна дека ќе биде нов тренер на Барселона.

Но, челниците на Ал Сад не можеа да се согласат со тоа што им го понуди Барселона и решија да го одложат целиот процес. Тие денеска ќе разговараат со претставниците на каталонскиот клуб, а навивачите се надеваат дека се ќе биде решено што е можно поскоро.