Фудбал
Алаба очигледно е заинтересиран само за добар договор
Давид Алаба реши да го напушти Баерн Минхен.
По долгогодишна љубов, австрискиот фудбалер неодамна официјално објави дека сака нови предизвици во кариерата, но се уште нема донесено одлука каде да игра.
Алаба затоа е сè уште без потпис за новиот тим. Иако се чинеше дека неговата нова дестинација ќе биде Мадрид, каде го посакува Реал, Кралевите не му нудат доволно пари и Алаба засега не сака да потпише договор.
Австриецот затоа преговара со други клубови. Тука се и ПСЖ, и неколку клубови од Премиер лигата, па нема да биде ни чудо дали тој наместо Реал избира друга опција.
Баерн, да потсетиме, направи се за да го задржи Алаба. Му беше понуден огромен договор со бонуси (околу 20 милиони евра), но тој одби.
Сепак, засега, Реал нема намера да му понуди дури и близу до оваа бројка. Кралевите не можат да ги издвојат ниту посакуваните 12 милиони евра годишно, па овој 28-годишник разгледува и други опции.
Очигледно парите се она според кое се води Алаба при изборот на нов клуб и ќе видиме каква одлука ќе донесе на крајот.