Connect with us

Фудбал

Алан достапен за 100 мил. евра

Актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Алан.

Популарните “светци” се во потрага по играч кој ќе биде замена за проблематичниот Адриен Рабио, кој ќе си замине од Париз на крајот од актуелната сезона. Сепак, големата желба на ПСЖ може да стане реалност само доколку официјалната понуда за Алан не биде помала од 100 мил. евра.