Connect with us

Фудбал

Алан се поблиску до ПСЖ

Сопственикот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис, во следните неколку дена ќе преговара со челниците на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, околу најавениот трансфер на бразилскиот интернационалец Алан.

Првиот човек на “азурите” веќе изјави дека одличниот играч за врска вреди околу 100 мил. евра, но раководните лица на “светците” не сакаат да понуда повеќе од 60 мил. евра. Според француските медиуми, Бразилецот веќе ги договорил личните побарувања откако му било ветено дека ќе има годишна плата од 6 мил. евра.