Connect with us

Фудбал

Алардајс: За поразот на Арсенал е виновен тренерот

Англискиот фудбалски стручњак, Сем Алардајс, го критикуваше новиот тренер на Арсенал, Унаи Емери.

Арсенал новата ера под водство на Емери ја започна со пораз од актуелниот шапион Манчестер сити со 2:0.

„За се е виновен тренерот. Не можете да барате од фудбалерите да играат против Манчестер Сити на онаков начин. „Граѓаните“ постојано напаѓаа. Не може да се повлечете и да чекате. И не може да биде изговор дека тоа е единствениот начин да се игра“, истакна Алардајс.

Арсенал во следното коло на 18 август го очекува уште еден тежок натпревар против Челзи.