Фудбал
Алегри е целосно разочаран: Ги бараше Икарди и Пјаниќ, но клубот потфрли во преговорите
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, наводно е многу разочаран од тоа како управата на клубот го заврши летниот преоден рок.
Тимот од Торино ги доведе Мануел Локатели и Моис Кин во своите редови, но Алегри, како што тврди Кориере дела Сера, е разочаран бидејќи не ги добил играчите што ги сакал.
Неговите главни желби беа напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди и играчот од средниот ред на Барселона, Миралем Пјаниќ. Сепак, управата на клубот не успеа да ги донесе.
Пјаниќ беше многу поблиску до доаѓањето во Торино. Често се зборуваше со агентот на фудбалерот на БиХ, но ден пред крајот на преодниот рок, беше одлучено да се откаже трансферот.
View this post on Instagram
На крајот, Пјаниќ остана во Барселона каде не се сметаат на неговите услуги, а Алегри остана без играчот што очајно го посакуваше.
Челниците на Јувентус не успеаја да го ангажираат и Мауро Икарди. Имаше разговори со челниците на ПСЖ на тема доведување на аргентинскиот фудбалер, но тие не успеаја да го затворат договорот.
View this post on Instagram
Не е чудно што Алегри е многу разочаран од управата на клубот бидејќи му се потребни квалитетни играчи за да го врати клубот на врвот во Серија А.
Јувентус многу лошо ја отвори новата сезона. Тој освои само еден бод од натпреварите со Удинезе и Емполи, и апсолутно никој не се надеваше на таков старт.