Фудбал
Алегри ја „отпиша“ Рома поради понудата што ја чекаше?
Бројни италијански медиуми објавија дека Масимилијано Алегри може да го преземе тимот на Рома.
Одличниот стручњак преговараше со римскиот тим претходните денови, но досега ништо не беше потпишано официјално.
Шпански Спорт, сепак, тврди дека Алегри ја одбил понудата на Рома. Причината што го стори тоа е фактот дека тој е главниот кандидат за тренерската клупа на Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека Зинедин Зидан ќе ја напушти клупата на Кралевите на крајот од сезоната. Алегри е, тврди Спорт, главниот кандидат на Флорентино Перез за клупата, а Италијанецот ќе почека да види што ќе се случи во овој случај.
Сигурно ќе биде интересно да се види што ќе одлучи Алегри, но сосема е сигурно дека тој ќе се врати на тренерското место по пауза од две години.
Од 2014 до 2019 година го водеше Јувентус со кој освои 11 трофеи.