Connect with us

Фудбал

Алегри менаџер на Јунајтед

Предводникот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Масимилијано Алегри, може да биде назначен за менаџер на Манчестер Јунајтед, објави „Лондон Ивнинг стандард“. Моментално, “црвените ѓаволи” се предводени од норвешкиот стручњак, Оле Гунар Солскер, кој има договор до крајот на актуелната сезона.

Освен Алегри во игра за менаџерската функција е и предводникот на Тотенхем, Маурисио Почетино. Истиот извор потенцира дека Алегри е подготвен да пристигне во Англија. Манчестер Јунајтед е на шестото место во Премиер лигата со 32 бода.