Connect with us

Фудбал

Алегри не е единствениот тренер со кој преговараа челниците на Рома

Италијанските медиуми утрово објавија дека Масимилијано Алегри се согласил да ја преземе тренерската клупа на Рома на крајот од сезоната.

Пауло Фонсека ќе остане во римскиот клуб до крајот на сезоната, а потоа ќе биде заменет со Алегри, кој потпиша прелиминарен договор со „Волчицата“.

Тој вчера одржа состанок со спортскиот директор Тијаго Пинто и се согласи на условите што му ги понуди Рома. Неговиот единствен услов беше да го преземе клубот за лето, бидејќи тој сака да има доволно време да го направи тимот како што посакува.

Но, пред неколку моменти се појавија информации дека Алегри не е единствениот тренер со кој Рома преговарала.

Имено, Пинто истиот ден имаше средба со Маурицио Сари, кој е без работа од летото откако беше отпуштен во Јувентус. Сепак, во Рома на крајот се одлучија за Алегри и се согласија на условите што ги бараше.