Connect with us

Фудбал

Алегри опција за Реал, ако пропаднат преговорите со Почетино

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алиги може да застане на чело на Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми.
 
Според информациите, менаџерот на Тотенхем, Маурицио Почетино е прв на листата на „кралскиот клуб“, но се дискутира и за резервни опции.
 
Алегри има договор со Јуве до 30 јуни 2020 година.
 
Откако е тренер на тимот, италијанскиот гигант ја освои Серија А четири пати.
 
Зинедин Зидан вчера на вонредна прес-конференција објави дека го напушта „Сантијаго Бернабеу“
 
Минатата недела Реал го освои третиот последователен трофеј во Лигата на шампионите, а ова досега не му успеало на ниту еден тренер.