Connect with us

Фудбал

Алегри: Влаховиќ е како Халанд и Мбапе

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, смета дека Душан Влаховиќ е меѓу најдобрите играчи на неговата генерација, заедно со Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

Влаховиќ во финишот на зимскиот преоден рок го засили тимот од Торино и веќе стана еден од најважните играчи на Алегри.

„Тој е млад играч, кој нема толку големо меѓународно искуство. Но, има квалитет. Тој сака и може да напредува. Има време и да го направи тоа“, изјави Алегри.

„Немилосрден е пред голот. Јувентус доби големо засилување со него. Тој, Мбапе и Халанд се најдобрите играчи на таа генерација“.

Српскиот фудбалер за торинскиот тим одигра 11 натпревари, а со пет гола забележа и две асистенции.