Фудбал
Алекс Сандро го продолжи договорот со Јувентус
Бразилскиот фудбалер Алекс Сандро (27) го продолжи договорот со Јувентус.
Левиот бек на „Старата дама“ денеска го потпиша новиот договор со кој останува верен на „Бјанконерите“ со 2023. година, па така беа „отстранети“ шпекулациите за тоа дека заминува од тимот од Торино.
Алекс Сандро стана член на Јувентус 2015. година. Пристигна од Порто и стана еден од клучните фудбалери на „Старата дама“ во изминативе сезони.
Бразилскиот дефанзивец со Јувентус освои три дупли круни, а одигра вкупно 134 натпревари.
Одличниот Бразилец постигна девет голови, но неговиот допринос во одбраната и асистенциите во фаза на напад се огромни.