Фудбал
Алексис Санчез добил најмногу „ќотек“ во еден меч од Премиер лигата
Против Хадерсфилд викендов, Алексис Санчез го постигна својот прв гол за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, но сигурно нема да го памети натпреварот само по добро. Напаѓачот беше на мета на противникот и беше фаулиран цели седум пати.
Ова е рекорд за сезоната во англиската елита. Сепак, Алексис не е лидер во вкупниот број прекршоци.
Најмногу такви во првенството досега се извршени против Ричарлисон. Новото засилување на Вотфорд бил неправилно сопрен цели 76 пати во рамките на 2.144 минути.
Деле Али од Тотенхем е втор со 66 прекршоци против него за 2.108 минути на теренот. Санчез е четврти во оваа статистика.
ТОП 10 фаулирани во ПЛ:
1. Ричарлисон (Ватфорд) 76 фаули (2.144 минути)
2. Деле Али (Тотенхем) 66 (2.108)
3. Џордан Ају (Вест Хем / Свонси) 62 (2.036)
4. Алексис Санчез (Арсенал/Манчестер Јунајтед) 56 (1.687)
5. Вилфред Заха (Кристал Палас) 55 (1.787)
6. Еден Азар (Челзи) 52 (1.437)
7. Ешли Барнс (Барнли) 45 (1.257)
8. Рахим Стирлинг (Манчестер Сити) 44 (1.832)
9. Хавиер Ернандез (Вест Хем) 42 (1.251)
10. Рубен Лофтус-Чик (Кристал Палас) 41 (1.331).