Фудбал
Алиоски понуден на Рома и Милан, што ќе каже Мурињо?
Македонскиот репрезентативец бек Џани Алиоски и официјално по четири години замина од Лидс. Тоа го објави и англискиот клуб на својата интернет страница, откако фудбалерот не го продолжи договорот. Според информациите во пол позиција за потписот на Алиоски е турскиот Галатасарај, а ситуацијата будно ја следела московска ЦСКА.
Сепак, синоќа во италијанските медиуми одекна „бомба“, барем што се однесува за македонските фанови. Имено, дел од италијанските медиуми објавија дека менаџерот на македонскиот репрезентативец, го понудил Алиоски на Рома и на Милан.
Според италијанскиот магазин „Темпо“, Рома не ја исклучила можноста да влезе во преговори, откако нивниот бек Спинацола се повреди на мечот од ЕП помеѓу Италија и Белгија и го чека долга пауза.
– Интернационалецот од Северна Македонија, на „Еланд Роуд“ пристигна како крилен напаѓач, но тренерот Марсело Биелса го претвори во бек. Тој привлече интерес од клубовите во Турција, но сега може да пристигне воа Серие А, пишуваат италијанските медиуми.