Connect with us

Фудбал

Алисон во Ливерпул до 2027 година

Бразилскиот голман Алисон Рамзес Бекер, попознат како Алисон, потпиша нов договор со Ливерпул.

Според островските медиуми, Алисон и Ливерпул потпишале договор кој ќе важи до летото 2027 година.

Финансиските детали за договорот не се познати, а Алисон игра за Ливерпул од сезоната 2018/2019.

Тој се приклучи на редовите на славниот англиски клуб од Рома, а Ливерпул му плати 65 милиони фунти и во тоа време беше најскапиот голман на сите времиња.

Тој дебитираше за „црвените“ на 12 август 2018 година во дуелот со 4:0 со Вест Хем, а во првата сезона на Островот беше прогласен за најдобар голман на Премиер лигата.