Connect with us

Фудбал

Алкасер го пропушта Ел Класико дуелот поради повреда

Барселона има предност од 11 бода во трката за шампион на Ла Лига, но овој викенд играат против Реал Мадрид, дуел кој се смета за најдобриот натпревар во спортот. Дуелот на „Камп Ноу“ го одбележа и повредата на напаѓачот на Каталонците,Пако Алкасер, кој ќе мора да го пропушти и претстојното Ел Класико.

Барса објави дека шпанскиот напаѓач заработил повреда на мускулот на левата нога и дека на тимот ќе се приклучи за три недели. Каталонците очекуваат дека би можел да заигра во натпреварот против Леванте, 7. јануари следната година.