Connect with us

Други спортови

Алонсо: Хамилтон и Шумахер беа најдобри поради нивните болиди

Објавено:

Михаел Шумахер и Луис Хамилтон се возачи со највеќе титули на Светското првенство во Формула 1. Германецот има седум, а Британецот една помалку.

Фернандо Алонсо е еден од возачите кој не го искористија својот талент и знаење. Шпанецот беше „само“ двапати светски првак.

Алонсо верува дека Хамилтон и Шумахер доминирале благодарение на нивните болиди.

„Секој има свој карактер. И двајцата доминираа за поради своите болиди, што им овозможи да прават што сакаат надвор од Формула 1“, рече Алонсо.

„Михаел имаше повеќе дисциплина и подготовка. Тој беше повеќе вклучен во динамиката на тимот.Луис е различен и има животен стил што не би било испрацен доколку беше во нормален болид, неговите газди не би биле среќни”.

Шумахер има освоено пет од седумте титули со Ферари, додека Хамилтон и Мерцедес имаат освоено пет шампионски титули во последните шест години.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама