Connect with us

Фудбал

Алонсо не знае што да прави – Левиот бек има две одлични понуди

Левиот бек на Челзи Маркос Алонсо ќе биде најбаран играч до крајот на преодниот рок.

Како што пренесува шпанска „Марка“, овој шпански фудбалер е на мета на Мадридската двојак Реал и Атлетико.

Реал го гледа Алонсо како долгорочна замена на позиција лев бек за Марсело, додека Атлетико Мадрид го гледа како замена за Филипе Луис кој би можел до крајот на преодниот рок да замине во ПСЖ.

Инаку, договорот на овој фудбалер со Челзи важи до 2021. година, но „Марка“ пренесува дека „Плавите“ веројатно ќе се сложи да го продаде за околу 30 милиони евра.

Алонсо ја помина младинската школа на Реал Мадрид, но на „Сантијаго Бернабеу“ никогаш не ја доби вистинската шанса, а во Челзи пристигна од Фиорентина.