Фудбал
Американците поведоа со голот на синот на легендарниот фудбалер, а Велс од пораз го спаси, кој друг, ако не Бејл
Селекциите на САД и Велс ги поделија бодовите играјќи 1:1 на вториот меч од групата Б, каде претходно денеска Англија со 6:2 го совлада Иран.
Американците поведоа со голот на Тимоти Веа во 36-та минута. Инаку, Тимоти е син на легендарниот фудбалер од 90-тите години на Монако, ПСЖ, Милан, Челзи и Манчестер Сити, Жорж Веа.
Сепак, во вториот дел, селекцијата на Велс играше подобро,создаде неколку добри шанси, а наградата дојде во 82-та минута кога Герет Бејл од пенал израмни и ги постави конечните 1:1.
Во оваа група Англија има 3 бода, Велс и САД по 1, а Иран е без бодови по првото коло.