Connect with us

Фудбал

АМС финансиски ќе помогне 250 клубови од младинска категорија

Агенцијата за млади и спорт донесе од одлука да од идната календарска година ги помага клубовите во младинските категории на федерациите кои имаат пријавено систем на натпреварување. Агенцијата, средствата ќе ги распределува кон федерациите кои потоа ќе ги проследат до клубовите кои ќе мораат наменски да ги користат за подобрување на условите за работа во младите категории.

Уште од моето доаѓање на позицијата директор на Агенцијата за млади и спорт ветивме силна поддршка на младинските категории како и афирмација на женскиот спорт. Креиравме мерка која ќе има за цел директно да ги поддржи младите спортисти. Помагаме со средства во висина од околу 22,5 милиони денари наменети за 250 клубови, рече Дарко Каевски, директорот на АМС.

Сите корисници на овие средства се објавени на сајтот на агенцијата. Каевски објасни дека АМС ќе ја зголеми контрола дали овие средстав ќе се искористат според нивната намена.

Ако агенцијата воочи неправилности во користење на наменските средства тогаш клубовите ќе бидат санкционирани, а средствата ќе мора да бидат вратени. Ние ќе продолжиме да се залагаме за иднината на младите спортисти и нивен правилен развој. Се што е во интерес на младите ние ќе се залагаме да го спроведеме и имплементираме. Веќе од наредната година ќе работиме напорно за да го зголемиме бројот на доделени стипендии „Спортска надеж“ поради зголемениот број на пријавени, кажа првиот човек на АМС.