Connect with us

Други спортови

АМС ги објави номинациите за „Спортист на годината“, ги нема Антиќ, Лазаров, Андонова, Ѓорчевска…

Познати се номинациите за манифестацијата „Спортист на годината“, а во нив на големо изненадување нема значаен дел од спортистите кои имаа големи успеси оваа година.
Неразбирливо е изоставувањето на Перо Антиќ кој со Фенербахче стана Европски шампион, го нема ниту Кире Лазаров кој беше најдобар стрелец на Светското првенство и беше клучен во пласманот на Македонија на Европското првенство во Хрватска.
Кај девојките изоставени се фудбалерката на Барселона, Наташа Андонова, како и Лина Ѓорческа која беше во центарот на вниманието на македонската јавност со настапите во квалификациите на грен слем турнирите.
Во конкуренција за „Спортист на годината“ се Стојанче Стоилов (ракомет), Евгениј Поп Ацев (далечинско пливање), Берат Јакупи (карате), Енис Барди (фудбал), Димитар Ѓорѓиев (бокс).
За „Спортистка на годината“ номинирани се: Сара Ристовска (ракомет), Јована Ѓорѓиева (карате), Нина Балабан (стрелаштво), АНастасија Богдановски (пливање), Анџелика Митрашновиќ (кошарка).
„Млад спортист на годината“: Петар Заборски (карате), Елиф Елмас (фудбал), Филип Кузмановски (ракомет)
 
„Млада спортистка на годината“: Сара Радичевска (карате), Берна Шерифовска (џудо), Симона Симовска (карате).
„Најуспешен машки национален тим“: Македонија У21 (ракомет), Македонија У21 (фудбал), Македонија (одбојка)