Connect with us

Фудбал

Анчелоти го повика Луиз, кој го одби поради бразилскиот великан: Срцето одлучи

Искусниот бразилски дефанзивец Давид Луиз (35) потпиша договор со Фламенго.

По 14 години во Европа каде играше за Арсенал, Челзи, ПСЖ и Бенфика, дојде време да се врати дома и го избра Фламенго.

Луиз имаше бројни понуди од европските клубови. Бенфика беше најупорна, а тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти разговараше со него по телефон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Luiz (@davidluiz_4)

На крајот, тој го одби Реал и сите други понуди кои беа многу подобри од Фламенго, но неговото срце одлучи.

“Имав бројни сценарија за избор. Размислував за помирен живот, но секогаш го избирам она што е во моето срце”, рече Луиз на презентацијата во Фламенго.

Искусниот фудбалер откри и дека сака да се бори за место во репрезентацијата на Бразил за СП 2022 година и верува дека има најголеми шанси за тоа во дресот на Фламенго.