Connect with us

Фудбал

Анчелоти: Не можам да прифатам дека стадионот стана непријателско место

Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, зборуваше за Il Giornale за различни теми поврзани со фудбалот.

Мадриѓаните годинава не ја одбранија ниту титулата шампион на Шпанија, ниту титулата шампион на Европа, но Италијанецот ќе остане на клупата на кралскиот клуб.

Искусниот стручњак смета дека фудбалерите секоја година се повеќе се оптоваруваат.

„Мојот тим ја завршува сезоната со 73 натпревари. Од 30 декември до 12 март игравме нон-стоп, освен една недела. Не може вака да продолжи. УЕФА лансираше нова Лига на шампиони со повеќе тимови, ФИФА започна Светско првенство за повеќе нации, лигите промовираат финалиња на националниот Суперкуп со четири тима. Или мора да се договорат меѓу себе или здравјето на играчите ќе биде загрозено“.

Анчелоти како главен проблем го издвојува расизмот.

„Расизам. Секако. Не можам да прифатам дека стадионот стана непријателско место, не можам да ја прифатам оваа клима на омраза поради бојата на кожата, поради религијата, поради етничката припадност на играчите или тренерите. За четири години во Англија не се сеќавам на навреди, а во Шпанија тоа се случува. Тоа го видовме на примерот на Винисиус. Да, исвиркувања, но никогаш личен напад. Мора да се бориме со омраза, тоа ќе биде долг процес“.