Connect with us

Фудбал

Анчелоти: Обвинувањата за силување во Шведска не влијаат врз Мбапе

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти денеска увери дека напаѓачот на неговиот тим, на Килијан Мбапе „не му влијаат“ обвинувањата за силување против него во Шведска.

-Во моментов тоа се само шпекулации. Го гледам играчот секој ден, тој работи многу добро, тој е среќен и не чувствувам дека му влијае на никаков начин. Напротив, тој е дури и ентузијаст, изјави италијанскиот стручњак на прес- конференција пред гостувањето на Селта Виго во сабота.

Вели дека не бара засилувања од управата на клубот бидејќи минатата сезона добро се справиле со повредите и сега можеме да го направат истото.

-Не ја исклучувам можноста да доведам некого, но не е лесно да се најде играч бидејќи ние сме Реал Мадрид. Ќе го искористиме нашиот состав, а Алаба исто така се враќа. Го загубивме Карвахал како играч, но не и како лидер бидејќи тој продолжува да работи со нас, изјави Анчелоти за тешката повреда на Дани Карвахал.