Connect with us

Фудбал

Анчелоти проговори за заминувањето на Азар од Реал: „Никогаш не запрев никого“

Еден Азар во последните недели се поврзува со заминување од Реал Мадрид.

Англиските медиуми често ја преселуваат белгиската ѕвезда на Островот, а како потенцијални дестинации се споменуваат неговиот поранешен клуб Челзи, но и најбогатиот тим во светот Њукасл.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти на денешната прес-конференција зборуваше за можното заминување на Азар во јануарскиот преоден рок.

„Никогаш во мојата тренерска кариера не сум запрел играч кој сака да си замине. Што се однесува до мене, нема дилема. Ако некој играч сака да замине, ќе си замине. Нема премногу дилеми“, изјави Анчелоти.

Еден Азар пристигна во Реал Мадрид во јуни 2019 година за над 100 милиони евра и навивачите на шпанскиот великан очекуваа големи работи од него.

Сепак, повредите го уништија 30-годишниот Белгиец и тој не можеше да покаже се што знае. Досега за кралскиот клуб одигра само 52 натпревари и постигна пет гола.

Останува да видиме дали и во јануари ќе продолжи да биде член на „кралевите“.