Connect with us

Фудбал

Анчелоти: Во првиот натпревар со Манчестер Сити ќе играме 12 наспроти 11

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, смета дека освојувањето на Купот на Кралот е заслужено. Италијанецот ги прокоментира и претстојните битки со Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите.

„Заслуживме да го освоиме Купот, не само поради финалето, туку и поради начинот на кој успеавме да ги победиме многу силните противници“, започна Карло Анчелоти.

„Им благодарам на тимот, на клубот и на навивачите за постигнатото. Ги освоивме сите можни титули во две сезони и во среќна атмосфера ќе се подготвуваме за следниот предизвик во Лигата на шампионите“, прокоментира Италијанецот.

„Многу сме блиску до уште едно финале во Лигата на шампионите и ќе направиме се што можеме за да стигнеме до него. На првиот натпревар против Манчестер Сити имаме предност: ќе играме 12 против 11 (забелешка – поддршката на навивачите на Сантијаго Бернабеу)“, додаде Карлето.

„Добро го започнавме натпреварот со незапирливиот Винисиус. Екипата после тоа ја загуби свежината и имаше многу нерви кога стигнавме во соблекувалната. Се што треба да направи овој тим е да игра фудбал, бидејќи тоа го прави феноменално. Второто полувреме не го почнавме добро, израмнија, но за среќа Родриго го промени резултатот. Тој е многу елегантен играч кој одлично се движи и добро се снаоѓа. Расте на спектакуларен начин“, заклучи Карло Анчелоти.