Connect with us

Фудбал

Анџелино: Гвардиола ме „уби“ во Манчестер Сити

Шпанскиот фудбалер Анџелино пристигна во Лајпциг пред една година на позајмица од Манчестер Сити и се покажа како одличен потег.

24-годишниот лев бек игра фантастично во дресот на Лајпциг, а германскиот клуб летово одлучи да го откупи неговиот договор од Сити за 18 милиони евра.

Анџелино пристигна во Сити летото 2019 година од ПСВ за 12 милиони евра, но на „Етихад“ никогаш не доби вистинска шанса да се докаже.

Во интервју за реномираниот „Билд“, играчот на Лајпциг изјави дека одењето во Манчестер Сити е грешка, и дека Пеп Гвардиола е најголемиот виновник за тоа што не се докажа во дресот на англискиот клуб.

„Пеп ме „уби“. Тој ја „уби“ и мојата самодоверба. Откако дојдов во Сити од ПСВ тој веќе ме осуди на два припремни натпревари и не ми даде вистинска шанса. Бев многу среќен кога добив шанса да одам во Лајпциг Тука покажав колку вредам и мило ми е што не морам да се вратам на „Етихад““, рече Анџелино.