Connect with us

Фудбал

Андонова потпиша за Леванте

Македонската фудбалска репрезентативка, Наташа Андонова, ја напушти Барселона.

Таа сепак ќе продолжи да настапува во шпанското првенство, откако се пресели во редовите на Леванте.

Во дресот на Барселона, Андонова на 58 средби постигна вкупно осум погодоци. Претходно во кариерата ги носеше дресовите на Росенгард и Турбине Постдам, а во Македонија настапуваше за Тиквеш и Борец.

Извор: Дриблинг