Поврзи се со нас

Фудбал

Ангеловски: Мораме да го искористиме тоа што го имаме, но главната цел ја постигнавме, Македонија е на чекор до ЕП

Македонската репрезентација утре го игра четвртиот натпревар од Лига на Нации кога во Скопје играме со Грузија, а денеска селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев одржаа прес-конференција.

 

„Без разлика што не го остваривме планираното во Естонија, но не да заборавиме дека нашата главна цел ја стигнавме, Македонија е на чекор на ЕП. Утре имаме натпревар со противник со кој ќе се сретнеме во финалето, без разлика на сите отсуства, сите кои ќе истрчаат на теренот, должни се да го дадат максимумот. Прв пат играме во седум дена три натпревари, првиот натпревар беше многу важен од секако аспект. Ако селекции од Италија, Шпанија ротираат, што останува за селекции како што сме ние. Селекторот на Грузија исто има проблеми со повреди и отсуства, но на нас селекторите е да го искористиме тоа што го имаме. Не верувам дека и тие не сакаат да бидат на првото место во групата. Не очекувам противникот да калкулира со составот“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

 

Advertisement

Facebook

Реклама