Connect with us

Фудбал

Ангеловски: Ова е победа за нашиот народ, на момците капата доле!

-Јас си ја работатам работата максимално професионално. Така ќе биде и сега без разлика на должината на договорот. Ова е моја репрезентација, покрај професионалноста работат и емоции. Јас сум Македонец и сум на чело на македонската репрезентација, ова го изјави селекторот Игор Ангеловски во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“.

Ангеловски притоа додава:

-Пандев е суво злато. Кога Пандев говори за фудбал останатите треба само да молчат. Среќен сум што имам можност и чест да работам со таков човек.

За победата над Германија селекторот изјави:

Германија ја победивме исто како што се спротивставуваме на секој противник – со тимска игра, тимот беше тој кој што победи, а тимот беше предводен од кој друг ако не од Горан Пандев. Германија да ја победиш, но и во сите статистички податоци да ја победиш, навистина има место за задоволство кај еден човек што верува во нив уште од првиот ден. Момците ме направија многу среќен во изминативе пет години, круна беше пласматанот на ЕП, а ова беше налик на тоа. Ова е победа за нашиот народ. Реакцијата на светските медиуми, на фудбалските ѕвезди говори само за себе. Така да момци, капата доле, изјави во Утрински брифинг селекторот на македонската фудбаска репрезентација Игор Ангеловски.