Connect with us

Фудбал

Ангеловски: Се е точно што кажа Горан Пандев, да знаете сите под каков притисок работевме

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски за „Спорт1“ изјави дека се е точно она што го кажа Горан Пандев во интервју за Телевизија 24.

-Сѐ што кажа Пандев за мене и за тоа што го посочи е вистина! Може македонската јавност сега да види под каков притисок ги водев двата клучни мечеви во баражите (со Косово и со Грузија). Но, заедно со сите членови на А-тимот успеавме да го обезбедиме пласманот на Европското првенство и да го оствариме овој историски успех на Македонија на чело со капитенот Горан Пандев. И тоа на радост на сите во Македонија“, изјави Ангеловски за „Спорт 1“.

Горан Пандев во „Студио 10“ на ТВ 24 без влакно на јазикот зборуваше за случувањата во македонскиот фудбал, меѓудругото откри дека претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини пред клучните мечеви со Косово и Грузија сакал да го смени селекторот Игор Ангеловски.

„Сејдини сакаше да го смени Ангеловски по мечот со Израел“