Connect with us

Фудбал

Англичаните објавија дека го менува Солскјер, а тој рече: „Дали денес е први април и денот на шегата?

Норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскјер синоќа доби отказ од клупата на Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед вчера претрпе нов пораз и тоа на гостувањето кај Ватфорд, кој ги совлада „црвените ѓаволи“ со 3:1.

Веќе по натпреварот беше јасно дека овојпат Солскјер не може да спаси ништо и дека му треба чудо за да остане на клупата на Манчестер Јунајтед.

Клубот од „Олд Трафорд“ синоќа соопшти дека Солскјер добил отказ поради лоши резултати, а во наредните денови се очекува клубот да најде замена за норвешкиот стручњак.

Долго време се шпекулира кој би можел да биде нов тренер на Јунајтед кога Солскјаер ќе добие отказ, но јасно е дека англискиот клуб нема премногу избор.

Речиси сите прославени тренери се веќе зафатени и под договори, а челниците на Јунајтед имаат малку време да успеат да убедат еден од нив да го преземе овој клуб.

Во медиумите се појавија информации дека на листата на желби се најде и Луис Енрике, кој моментално е селектор на шпанската репрезентација. Но, Енрике веднаш негираше каква било поврзаност со Манчестер Јунајтед.

Еден од новинарите на „La Sexte“ стапил во контакт со Енрике и го прашал дали има вистина во тоа што заминал во Јунајтед, а тој само кратко прокоментирал: „Дали денес е први април и денот на шегата?“.

Енрике јасно стави до знаење дека воопшто нема намера да ја напушти шпанската репрезентација и дека целта му е да остане на клупата на „Црвената фурија“ до крајот на договорот.

Реклама

Facebook

Реклама