Connect with us

Фудбал

Англичаните се обидуваат да го „киднапираат“ голманот од Шпанците

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт се обидува на секој можен начин да го убеди голманот Роберт Санчез да игра за Гордиот Албион.

Брилијантниот 23-годишен чувар на мрежата обезбедува исклучителни игри на голот на Брајтон. Тој доби покана за шпанската репрезентација, но Англија не се откажува од него.

Саутгејт се обидува да го убеди Санчез да ја прифати поканата на Англија, но засега тоа не му успева бидејќи сака да брани само за Црвената фурија, иако со месеци чекаше на своето деби.

Дури и да дебитира за репрезентацијата на Шпанија, Санчез нема да биде загубен од Англичаните, бидејќи според новите правила на ФИФА, играч може да ја смени репрезентацијата доколку има одиграно помалку од пет натпревари за втората репрезентација.

Пред Роберт Санчез во шпанската репрезентација се Унаи Симон и Давид де Геа, но тој трпеливо ја чека својата шанса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RS1 (@robertsanchez_1)

Тој е член на Брајтон веќе осум години. Тој пристигна во овој клуб од Леванте на 15 -годишна возраст, а минатата сезона покажа исклучителен квалитет.

Тој стана првиот голман на клубот, имаше одлична сезона, и тоа на крајот донесе покана за националниот тим.