Connect with us

Фудбал

Англичаните тврдат: Партеи договори четиригодишен договор со Арсенал, се знае и колку ќе заработува!

Раководството на Арсенал досега официјално донесе едно засилување, а тоа секако е Вилијан кој како слободен агент ги засили Топџиите.

Арсенал е во преговори со неколку фудбалери за кои Артета смета дека може да го засилат неговиот тим.

Според англиските медиуми, договор „паднал“ со Томас Партеи, сегашниот фудбалер на Атлетико Мадрид.

Топџиите со тоа ќе ја активираат откупна клаузула за овој фудбалер, која изнесува 50 милиони евра, а личните услови веќе се договорени со Партеи.

Целата работа треба да заврши до крајот на август или во првата недела од септември, кога Партиј треба да се претстави како нов фудбалер на Арсенал.

Тој ќе топтише четиригодишен договор и ќе заработува 200 000 фунти неделно, и треба да биде големо засилување за средниот ред на Арсенал.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com