Фудбал
Англичаните веќе прават проблеми: Навивач се обиде да го земе пиштолот на полицаецот
Еден англиски навивач беше уапсен за инцидентот во возот на патот кон Волгоград на натпреварот помеѓу Англија и Тунис на Светското првенство во Русија.
Агенцијата Ројтерс, повикувајки се на извори во британската амбасада во Русија, рече дека хулиган се обидел да го земе пиштол на руски полицаец, пред да биде совладан од група униформирани луѓе.
Ова не е единствениот инцидент, бидејќи друг англичанец заврши во болница откако го скрши стаклото во возот со раката.
Репрезентативниот тим на Англија, Мундијалот го започнува против Тунис во 20 часот во Волгоград.